ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Истите ракометарки од минатиот меч ќе играат и против Кореја

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра претпоследниот натпревар на Мундијалот во Скопје.

Ривал на избраничките на Дарко Јанев во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место ќе им биде селекцијата на Кореја.

Јанев на овој натпревар избра 16 ракометарки, а тоа се истите од претходната средба со Црна Гора. Надвор од комбинација останаа Сара Богојеска и Росана Павлова.

Натпреварот меѓу Кореја и Македонија се игра денеска во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 15:45 часот.