Женската сениорска репрезентација на Македонија денес ќе го одигра последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
По победата над Азербејџан во претходното коло, македонската репрезентација го завери пласманот на континенталниот собир, па така денешниот дуел со Литванија нема да има никакво резултатско значење.
Селекторот Кристијан Грчевски се реши за две промени во ростерот. Од претходно е познато дека Сара Ристовска се врати во Русија и нема да игра денеска, а од комбинација отпаднаа и Сара Стефаноска и Ана Марија Коларовска. На нивно место шанса ќе добијат Марија Јанкуловскa, Катерина Дамјаноска и Емилијана Ризоска. На клупата се враќаат Ања Алтхаус и Едуарда Аморим Талеска.
Натпреварот против Литванија ќе биде одлична можност за ракометарките со помала минутажа, како и за помладите во селекцијата, да го покажат својот квалитет и да стекнат уште поголемо репрезентативно искуство.
Натпреварот меѓу Македонија и Литванија ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот за сите љубители е слободен.