Женската репрезентација на Македонија денеска го игра клучниот натпревар за пласман на Европското првенство 2026 во Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.
Избраничките на Кристијан Грчевски ќе се соочат со селекцијата на Словенија, која обезбеди билет за ЕП и на овој меч ќе влезе без притисок.
Македонскиот селектор се реши за оваа пресметка во составот да биде левото крило Леона Миленкоска, а надвор од комбинација остана Борјана Коцева.
Нема да играат ниту Матеа Чурлиновска, Теодора Дукоска и Таида Беровиќ. Мечот меѓу Словенија и Македонија се игра вечерва во „Рдеча Дворана“ во Велење од 18:00 часот.
Сите комбинации и шансите за пласман на Македонија на ЕП 2026 може да ги прочитате ТУКА.










