ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Грчевски избра – еве кои ракометарки ќе настапат против Шведска

Денеска ќе започне 16. издание на Европското првенство во женска конкуренција, на кое еден од 24-те учесници ќе биде и репрезентацијата на Македонија.

Македонија за прв ривал на континенталниот собир ја има репрезентацијата на Шведска, која е еден од фаворитите за висок пласман.

Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, го одреди составот за вечерашниот против скандинавската земја, а надвор од комбинација останаа  Ана Марија Коларовска, Теодора Дукоска и Нена Нестороска.

Натпреварот меѓу Македонија и Шведска ќе се игра во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.

Македонија: Мицевска, Петковска, Чурлиновска, Саздовска, Диневска, Ристовска, Дамјановска, Џатевска, Кипријановска, Ѓорѓиевска, Младеновска, Стефаноска, Јанкуловска, Седлоска, Маџовска, Арсениевска.