Македонскиот претставник во Европскиот Куп, Ѓорче Петров, денес ќе го одигра реванш дуелот против Ојпен во рамки од третата рунда во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Тренерот Симе Симовски ќе смета на 15 ракометарки и ќе го има на располагање најдобриот состав, а гостинките од Белгија исто така ќе сметаат на сите ракометарки што настапија минатиот натпревар.
Ѓорчепетровки имаат убава предност од првиот дуел, во кој триумфираа со шест гола разлика, 45:39. Maкедонскиот првак и на реваншот е истакнат фаворит, но ќе треба фаворитската улога да ја оправда на теренот.
Ѓорче Петров доколку го елиминира Ојпен, тогаш ќе се пласира во осминафинелто во Европскиот Куп и ќе го повтори ланскиот успех.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Ојпен е закажан со почеток од 20:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.