ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Гарабаја направи една промена, Загреб без Карачиќ, Кларица, Грбавац…

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде натпреварот во „Арена Загреб“ меѓу хрватскиот првак и Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.

Овој дуел може да се покаже како клучен за битолчани во битката за место во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Стратегот на македонскиот првак, Рубен Гарабаја, направи една промена во споредба со претходниот меч со Магдебург, па на местото на Давид Брестовац ќе брани Сеид Хеидарирад.

Загреб досега нема ниту една победа во ЛШ, а шансата со новиот тренер Ненад Шоштариќ ја бараат против пелистерци.

Шоштариќ има големи проблеми и не може да смета на Игор Карачиќ, Лука Ловре Кларица…а од комбинација испаднаа Анте Грбавац и Дамијан Пжитула.

Македонскиот првак има четири бода досега на седмото место, додека на петтото и шестото место се францускиот ПСЖ и данскиот ГОГ Гудме, кои имаат по шест бода, па сонот за пласман во ТОП 12 или осминафиналето се уште е жив.