Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вечерва го играат осмиот натпревар оваа сезона во европската елита.
Ривал на пелистерци е тимот на ПИК Сегед, кој минатиот викенд ја доби првата битка со битолчани, триумфираше со 34:26.
Стратегот Бранко Ангеловски за вечерашниот дуел на располагање ќе го има новото засилување Филип Кузмановски.
Во ростерот нема да бидат повредениот Цветан Кузманоски, како и Дарко Стевановиќ, Руди Сери, Марко Кизиќ и Андреас Нилсен.
Во составот на ПИК Сегед како и на претходниот натпревар, ќе отсуствуваат кружните напаѓачи Глеб Калараш и Бенце Банхиди.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед се игра вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.