ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Евро-деби за младинците од Охрид, шанса за Пупунцоски, Крстевски и Трајчески

Европската ракометна федерација ги објави составите на Охрид и Баку за вториот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Стратегот на охриѓани, Борис Ројевиќ, за денешната пресметка реши да ги изостави Гоце Ојлески, Градимир Чаневски и Анте Иванковиќ.

На нивно место шанса ќе добијат младинците Христијан Пупунцоски, Бојан Крстевски и Илија Трајчески, кој беше МВП на пионерскиот Ф4 минатата сезона.

По првиот триумф со 44-11 за „гладијаторите“, нема никакви дилеми околу патникот во следното коло.

Втората средба меѓу Охрид и Баку се игра на исто место во исто време – СРЦ „Билјанини Извори“ од 18:00 часот.