ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Eве кои се адутите на Лазаров за пресметката со Словенија

Машката репрезентација на Македонија денеска го игра третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2026 против селекцијата на Словенија.

Селекторите Кирил Лазаров и Урош Зорман ги одредија составите за овој натпревар, што е многу важен за Македонија.

Лазаров нема да смета на голманот Иван Галевски, дефанзивецот Никола Маркоски, левиот бек Дамјан Митев и десното крило Александар Петковски.

Македонскиот селектор ќе има на располагање двајца голмани, по едно лево и десно крило, четири пивоти, како и осум бекови.

Зорман, кој имаше големи проблеми со ростерот, ќе смета на двајцата членови на Барса – Макуц и Јанц, Лесјак, Влах, пивотите Благотиншек, Хоржен и Сухолежник, пелистерецот Тајник…

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот.