ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве кои ракометари ќе играат на македонското „ел класико“

Денеска во центарот на вниманието ќе биде најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Македонското „ел класико“ ќе се игра во Битола пред преполни трибини во салата „Боро Чурлевски“, а шампионот мора да слави за да се приближи на лидерот Вардар на само два бода.

Составите се главно оние со кои двете екипи играа на последните натпревари. Кај домашните ќе фалат повредениот Кузманоски, потоа Валид, голманите Брестовац и Мацанковски, како и Хаџиќ. Во гостинскиот состав покрај повредените Тузолана, Кеита, Лазаревски, Eспиња, Стаменковиќ…го нема Марчињак.

Вардарци се први на табелата со 30 бодови, а Еурофарм Пелистер има 26 на второто место, додека Охрид е трет со 23 бода.

Битолчани од клупата ќе бидат предводени од Звонко Шундовски, откако шампионот се раздели со Рубен Гарабаја минатата недела.

Дербито ќе помине со присуство на „Чкембари“ и „Комити“, па нема сомнеж дека не очекува одлична атмосфера во Битола и ракометно уживање. Мечот стартува од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Еурофарм Пелистер: Митревски, Хеидарирад, Атанасијевиќ Петар, Манасков, Хекбарт, Радивојевиќ, Ристевски, Пешевски, Хосни, Видомски, Атанасијевиќ Павле, Кузмановски, Абутовиќ, Хенигман, Тајник, Калајџиески.

Вардар: Богдановски, Валах, Гогов, Стојановски, Георгиевски, Пинто, Ќосевски, Јанковски, Анастасовски, Горига, Борозан, Танкоски, Боно, Малус, Кавада, Митровиќ.