Европската ракометна федерација ги објави составите за денешната пресметка меѓу Еурофарм Пелистер и Кил во Лигата на шампионите.
Домашниот стратег Александар Јовиќ се реши од комбинација да отпаднат пивотот Нилсен, голманот Кизиќ, како и бековите Стевановиќ и Ѓорговски.
Гостинскиот тренер Филип Јиха немаше големи проблеми во ростерот, каде што не се само повредените Жерар и Вајнхолд.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Кил се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.