Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра претпоследниот натпревар од Лигата на шампионите оваа година.
Тимот предводен од Бранко Ангеловски му гостува на европскиот вицепрвак Келце и ќе биде сериозно ослабен.
Стратегот на битолчани ќе може да смета само на еден пивот, капитенот Жарко Пешевски, откако Денис Василев не доби дозвола за влез во Полска, а Данецот Андреас Нилсен не отпатува со екипата.
Тој ќе има на располагање 14 ракометари, меѓу кои не се ниту левите бекови Емилијан Ѓорговски и Дарко Стевановиќ, голманот Марко Кизиќ, како и повредениот Цветан Кузманоски.
Во составот на Келце не е само десното крило Аркадиуш Морито.
Натпреварот меѓу Келце и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во салата „Легионово“ со почеток во 20:45 часот.