ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер без Абутовиќ, ПСЖ без Карабатиќ, Холм, Гребиј…

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигр вториот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. По триумфот над Загреб, битолчани му гостуваат на францускиот првак ПСЖ, кој загуби на премиерниот дуел кај Магдебург.

Во составот на Еурофарм Пелистер нема да биде дефанзивецот Илија Абутовиќ, повредениот Сеид Хеидарирад, како и Анжеј Видомски, но и одамна повредените Самоил Ристевски и Цветан Кузманоски.

Тренерот на францускиот првак, Стефан Мадсен, нема да смета на повредените Лука Карабатиќ, Емил Мелегард и Матје Гребиј, а нема да игра ниту Јакоб Холм.

Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер е закажан за вечерва во салата „Пјер Де Кубертен“ со почеток во 20:45 часот.