Женската репрезентација на Македонија денеска го игра третиот натпревар од групната фаза против домаќинот на ЕП, Унгарија.
Селекторот Кристијан Грчевски повторно направи една промена во однос на ростерот од претходниот натпревар.
На местото на голманката Матеа Чурлиновска, ќе влезе левото крило на Чаир, Бојана Диневска, која настапи и на првиот дуел со Шведска.
Покрај Чурлиновска, надвор од комбинација ќе останат средниот бек Нена Нестороска и десното крило Теодора Дукоска.
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 18:00 часот.
Состав на Македонија: Мицевска, Петковска, Саздовска, Диневска, Ристовска, Џатевска, Дамјаноска, Кипријановска, Ѓорѓиевска, Младеновска, Седлоска, Јанкуловска, Стефаноска, Арсениевска, Маџовска, Коларовска.