Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар од разигрувањето за пласман од 17 до 32 место.
Ривал на избраниците на Раде Стојановиќ ќе биде селекцијата на Мароко, која како Исланд има два бода на првите две позиции во групата 3, додека покрај Македонија и Мексико е без бодови.
Селекторот се одлучи за овој натпревар во составот да се вратат Томислав Димковски и Борјан Дамјаноски, а надвор од комбинација останаа Тодор Узунчев и Јован Даневски.
Противникот во состав ќе има само 14 ракометари.
Натпреварот меѓу Македонија и Мароко се игра во „Арена Катовице“ со почеток во 11:45 часот.
Состав на Македонија:
Галевски, Брестовац, Субашевски, Стојановски М., Белистојаноски, Петковски, Карасманакис, Михајловиќ, Глигоров, Димковски, Дамјаноски, Стојановски А., Калајџиески, Шулески, Узунчев, Димевски