Машката младинска репрезентација на Македонија ќе го одигра последниот натпревар во Катовице и за двата меча за пласман на СП ќе се пресели во Келце.
Избраниците на Раде Стојановиќ од 14:00 часот во „Арена Катовице“ ќе се соочат со селекцијата на Мексико, која исто како и Македонија има два порази.
Селекторот направи две промени во споредба со претходниот меч и на местото на капитенот Андреј Стојановски и Александар Петковски, во ростерот ќе бидат Јован Даневски и Тодор Узунчев.
Со победа, Македонија ќе биде трета во групата и ќе вкрсти со Бразил во битката за пласман од 25 до 28 место.
Состав на Македонија: Галевски, Брестовац, Стојановски, Субашевски, Даневски, Белистојаноски, Карасманакис, Михајловиќ, Глигоров, Дамјаноски, Димевски, Димковски, Калајџиески, Шулески, Узунчев Т., Узунчев Д.