Ракометарите на Вардар денеска го стартуваат настапот во групната фаза во Лигата на Европа со домашната средба против хрватскиот Сесвете.
Стратегот Иван Чупиќ го избра составот за мечот со Сесвете, а поради повреди не може да смета на Стаменковиќ, Кеита, Еспиња, Лазаревски…
Чупиќ за овој натпревар ги изостави Ќосевски, Танкоски, Богдановски…а ќе смета на Пинто, Валах, Јанковски, Марчињак…
Натпреварот меѓу Вардар и хрватскиот Сесвете се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.