Ракометарите на Бутел Скопје денеска ќе го одиграат првиот натпревар од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп против Дуделанж од Луксембург на гостински терен.
Тренерот Горан Кузманоски ќе смета на 15 ракометари на ова гостување, откако отпаднаа капитенот Димитар Ѓеоргиевски поради болест, како и јапонскиот интернационалец Рио Козакаи.
Домаќинот ќе настапи во најсилниот состав што го има на располагање српскиот стратег Душко Билановиќ.
Денеска од бутелци беше одработен единствениот тренинг во салата каде што ќе се игра натпреварот кој е закажан од 18:00 часот.
Домаќинот не планира ТВ пренос од овој натпревар. Реваншот од двомечот меѓу Бутел Скопје и Дуделанж е на програмата на 13 септември од 18:00 часот.