ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Битолскиот бисер Мацанковски ќе дебитира во ЛШ на 17 години!

Европската ракометна федерација ги објави составите на Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк за пресметката во Лигата на шампионите.

Во составот на македонскиот првак свое деби ќе има голманот на кадетската екипа Јован Мацанковски, кој ќе биде во составот бидејќи повредени се Давид Брестовац и Сеид Хеидарирад. Тој веќе беше во составот на првата екипа на мечот од домашното првенство против Охрид.

Шанса за деби во елитната конкуренција ќе добие и десниот бек од Полска, Анжеј Видомски, a во составот во ЛШ се враќа и Илија Абутовиќ, кој не играше со Гудме.

Покрај повредените одамна Ристевски и Кузманоски, како и голманите Хеидарирад и Брестовац, тренерот Гарабаја се реши за овој меч да ги изостави Нејц Цехте и Але Хаџиќ.

Тренерот на Висла Плоцк, Чави Сабате, практично смета на најсилниот ростер, а отсутен единствено ќе биде ветеранот Мирсад Терзиќ.

Натпреварот меѓу Висла Плоцк и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Орлен Арената“ во Плоцк од 18:45 часот.