Европската ракометна федерација ги објави составите на Еурофарм Пелистер и Барселона за денешната пресметка во Лигата на шампионите.
Домашниот стратег Рубен Гарабаја се реши за овој дуел да ги изостави Мирче Калаjиески и Богдан Радивоjeвиќ, додека повредени се Самоил Ристевски и Цветан Кузманоски, како и голманите Хеидарирад и Брестовац, па шанса одново ке има младиот Мацанковски.
Во редовите на Барселона, тренерот Ортега нема да смета на бековите Joнатан Карлсбогард и Елдера.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Барселона ќе се игра вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ од 20:45 часот.