Познати шест тима за прволигашкиот плеј-оф, остануваат уште два билети за „борба за елита“

На три кола пред крајот од регуларниот дел од прволигашката конкуренција познати се поголемиот број екипи кои ќе играат во плеј-оф фазата, во која ќе се борат за влез во елитата.

Од двете групи, првата составена од осум екипи, втората од седум, најдобрите четири ќе продолжат во плеј-офот, останатите во плеј-аутот, кој ќе се игра само формално, бидејќи нема Втора лига.

Екипите на Младост, Драчево и Јехона се сигурни патници во плеј-офот од групата А, за 4. позиција во трка се Шампион, Текстилец и Астраион, додека и Преспа која допрва ќе го одигра заостанатиот дуел со Драчево има теоретски шанси.

Во најповолна позиција се наоѓа Шампион, има 18 бода, но и дуел со фенерџијата Борец, па така овој клуб веќе со една нога се наоѓа пред пласман во плеј-офот. Текстилец и Астраион имаат и меѓусебен дуел, па ќе биде тешко за нив да обезбедат место во ТОП 8.

Група А – кој против кого до крајот:

Младост: Шампион (дома), Јехона (гости), Драчево (дома)
Драчево: Преспа Вардар (дома), Текстилец (гости), Астраион (дома), Младост (гости)
Јехона: Астраион (гости), Младост (дома), Борец (гости)
Шампион: Младост (гости), Борец (дома), Преспа Вардар (гости)
Текстилец: Драчево (дома), Преспа Вардар (дома), Астраион (гости)
Астраион: Јехона (дома),  Драчево (гости), Тектилец (дома)
Преспа Вардар: Драчево (гости), Борец (дома), Текстилец (гости), Шампион (дома)
Борец: Преспа Вардар (гости), Шампион (гости), Јехона (дома)

Табела

1. Младост 31
2. Драчево 24
3. Јехона 24
4. Шампион 18
5. Текстилец 12
6. Астраион 10
7. Преспа Вардар 9
8. Борец 0

Во Групата Б, досега непоразениот Бисинов веќе одамна си обезбеди плеј-оф. На клубот од Велес му се придружува и довчерашниот суперлигаш, тимот на Радовиш.

Овие два клуба се истакнуваат и како главни фаворити за едно од првите места во плеј-офот. Во плеј-офот патува и Металург РА, додека во последните три кола ќе се одлучува последниот патник од оваа група.

Македонија ЃП има 10 бода и се наоѓа на четврто место, а ја следат Овче Поле и Кичево со по седум бода. Партизан Гевгелија има теоретски шанси, но има и тежок распоред, па тешко е за верување дека ќе се вмеша во битката за плеј-оф.

Група Б – кој против кого до крајот:

Македонија ЃП: Радовиш (гости), Партизан (дома)
Овче Поле: Металург РА (гости), Кичево (дома)
Кичево: Партизан (гости), Овче Поле (гости)
Партизан: Кичево (дома), Македонија ЃП (гости), Бисинов (дома)
Бисинов: Металург РА (гости), Радовиш (дома), Партизан (гости)
Радовиш: Македонија ЃП (дома), Бисинов (гости), Металург РА (дома)
Металург РА: Бисинов (дома), Овче Поле (дома), Радовиш (гости)

Табела

1. Бисинов 27
2. Радовиш 24
3. Металург РА 18
4. Македонија ЃП 10
5. Овче Поле 7
6. Кичево 7
7. Партизан 4