Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите кај дамите.
Европскиот шампион Ѓер ќе биде дел од првиот шешир, заедно со данскиот Оденсе и францускиот Мец.
За разлика од кај мажите, кај дамите има две држави со по три екипи – Унгарија и Данска, па овде нема да важи правилото дека не може да има две екипи од иста држава во иста група.
Ждрепката е закажана за утре од 15:00 часот во седиштето на ЕХФ во Виена, а новата сезона ќе почне на 6/7 септември.
Лига на шампиони, ждрепка:
шешир 1: Ѓер, Оденсе, Мец, Сторхамар, ЧСМ Букурешт, Лусвигсбург
шешир 2: Ференцварош, Есбјерг, Брест Бретањ, Глорија Бистрица, Борусија Дортмунд
шешир 3: Крим, Подравка, Будуќност
шешир 4: Дебрецин, Икаст