Познати шеширите пред ждрепката – Пелистерци ќе добијат ривал од Унгарија, Германија, Франција…

Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер се најде во третиот шешир, но сосема извесно е дека ќе има ривал од Германија, Франција, Унгарија и Полска.

Во третиот шешир се уште и екипите на Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг Лисабон и Колстад, но и од нив пелистерци ќе добијат ривали.

Повеќе ќе има распределба на екипи отколку ждрепка, бидејќи останува правилото дека не може две екипи од иста земја да бидат во иста група во оваа фаза.

Ждрепката ќе се одржи утре во Виена со почеток во 15:00 часот.

Лига на шампиони, ждрепка:

шешир 1: Фуксе Берлин, Барса, ПСЖ, Алборг, Висла Плоцк, Веспрем
шешир 2: Магдебург, Нант, ГОГ Гудме, Келце, ПИК Сегед
шешир 3: Еурофарм Пелистер, Спортинг Лисабон, Загреб, Колстад, Динамо Букурешт