Европската ракометна федерација ги потврди датумите за двомечот од второто коло во ЕХФ Европскиот Купт меѓу Тиквеш и Бешикташ од Турција.
Првата средба е закажана за денот на народното востание, 11 октомври во Истанбул со почеток од 16:00 часот.
Реваншот е закажан за 18 октомври во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 19:00 часот.
Иако кавадарчани имаат силен и незгоден ривал пред себе, покажаа дека и со променет ростер сезонава може да им парираат на сите тимови.