Познати се четвртфиналните двојки во СЕХА

По комплетирањето на натпреварите од групната фаза, познати се двојките од четвртфиналето во Дивизијата Исток во регионалната СЕХА лига.

Мешков Брест имаше шанса да се заврши втор во групата А, но загуби дома од Чеховски Медведи со 28-25 и сега ќе се соочи со СКА Минск во ТОП 8.

Покрај белорускиот двобој, во четвртфиналето ќе има и два руски дуели, како и оној меѓу рускиот Зенит и белоруската Машека.

Победниците од овие четири средби ќе се пласираат на завршниот турнир во источната дивизија на СЕХА лигата.