Познати саатниците и датумите за сите дуели во ЛШ на Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација го објави официјалниот распоред за натпреварите од групната фаза во новата сезона од Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе стартува на домашен терен против хрватскиот Загреб, на 10 септември, среда, од 20:45 часот на дуел со Загреб во салата „Боро Чурлевски“.

Првото гостување битолчани ќе го имаат за осум дена во Париз, а дуелот против ПСЖ е закажан за в четврток на 18 септември од 20:45 часот.

ЕХФ ги потврди и дуелите до крајот на оваа година, додека дополнително ќе се знаат датумите и саатниците за средбите во 2026 година.

Еурофарм Пелистер на домашен терен секогаш ќе игра во 20:45 часот.

Лига на шампиони, група Б, распоред на натпревари:

1 коло, 10.09.2025, 20:45, Еурофарм Пелистер – Загреб
2 коло, 18.09.2025, 20:45, ПСЖ – Еурофарм Пелистер
3 коло, 24.09.2025, 20:45, Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме
4 коло, 08.10.2025, 18:45, Висла Плоцк – Еурофарм Пелистер
5 коло, 15.10.2025, 20:45, Еурофарм Пелистер – Барселона
6 коло, 23.10.2025, 20:45, Магдебург – Еурофарм Пелистер
7 коло, 12.11.2025, 20:45, Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
8 коло, 20.11.2025, 18:45, ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
9 коло, 26.11.2025, 20:45, Еурофарм Пелистер – Магдебург
10 коло, 03.12.2025, 18:45, Загреб – Еурофарм Пелистер
11 коло, 18/19.02.2026, Еурофарм Пелистер – Висла Плоцк
12 коло, 25/26.02.2026, ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер
13 коло, 04/05.03.2026, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
14 коло, 11/12.03.2026, Барселона – Еурофарм Пелистер