Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер и во новата сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите и меѓу 16 најдобри во Европа.
Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски ќе се борат на турнирот во хрватскиот град Пореч за место на завршниот турнир во Келн и повторување на ланскиот успех.
Еурофарм Пелистер ќе биде дел од тешка група заедно со хрватскиот Загреб, германскиот Фуксе Берлин и данскиот Алборг.
Квалификацискиот турнир од групата на битолчани ќе се игра во Пореч на 29 и 30 и март, со полуфинале и финале, а двојките ќе бидат познати дополнително.
Другите три квалификациски турнири ќе се играат во Букурешт (група 1, 28/29 март – Динамо Букурешт, ГОГ Гудме, Нант, Спортинг Лисабон), Сегед (група 3, 31 март/1 април – Барселона, Колстад, Висла Плоцк, ПИК Сегед) и Веспрем (група 4, 2/3 април – ПСЖ, Веспрем, Магдебург, Келце).
Минатата сезона младите битолчани играа во Букурешт и ги победија Келце и Динамо Букурешт на патот до Ф4 во Келн, каде загубија од ГОГ Гудме и Барселона.
























