Денеска беа извлечени полуфиналните двојки на претстојниот турнир во хрватскиот град Лабин, каде ќе играат четири квалитетни екипи.
Меѓу нив ќе биде и македонскиот вицепрвак Вардар, хрватскиот и словенечкиот првак, Загреб и Слован Љубљана, како и хрватскиот вицешампион Сесвете.
Првото полуфинале меѓу Вардар и Слован Љубљана ќе биде на програмата од 18:00 часот, додека два часа подоцна ќе играат двете хрватски екипи меѓусебе.
Полуфиналните средби се играат на 30 јануари, додека на 31 јануари во истите термини се играат дуелот за трето место и финалето.
























