Познати полуфиналните двојки – еве кој против кого за медали на ЕП!

Денеска се комплетираше главната рунда на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, а утре е слободен.

Петок започнува финалниот викенд и полуфиналните натпревари во кои ќе се соочат Данска против Исланд, односно Германија против Хрватска.

Претходно ќе се одигра и натпреварот за петтото место од 15:00 часот на ЕП од меѓу селекциите на Португалија и Шведска.

Термините за полуфиналните средби се 17:45 часот и 20:30 часот, но ЕХФ допрва ќе потврди која двојка кога ќе игра.

Со оглед на тоа што домаќин е Данска, сигурно за себе ќе го одберат вечерниот термин во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг.