Еве ги групите за ТОП 12 – кој со колку бодови стартува во битката за полуфинале

Иако допрва треба да се одиграат уште две средби од групата во Малме, каде игра еден од домаќините – Шведска, познат е изгледот на двете групи од главната рунда.

Франција, Германија и Португалија ќе ја имаат стартната предност во битката за полуфиналето од групата во Хернинг.

Во оваа група изненадувачки домаќинот Данска ќе почне без бодови, исто како и вториот домаќин Норвешка, односно Шпанија.

Во Малме, Словенија и Исланд ќе имаат по два бода, а може да им се приклучат Шведска или Хрватска, ако една од нив слави триумф во меѓусебниот дуел, или двете може да имаат по еден бод.

Без бодови ќе стартуваат Унгарија и Швајцарија.

Сите останати 12 селекции си заминуваат дома по три меча.

Европско првенство, главна рунда:

група 1 (Хернинг)

  1. Франција 2
  2. Германија 2
  3. Португалија 2
  4. Шпанија 0
  5. Данска 0
  6. Норвешка 0

група 2 (Малме)

  1. Словенија 2
  2. Исланд 2
  3. Шведска/Хрватска 2,1,0
  4. Хрватска/Шведска 0,1,2
  5. Унгарија 0
  6. Швајцарија 0