Покрај ждрепката за младинското СП во Македонија, се одржа и ждрепката за кадетското СП во Кина.
Мундијалот за кадетки ова лето ќе се игра од 14 до 25 јуни во Чужу, а ќе играат 32 селекции.
Шампионот Кореја, кој ја освои титулата во Скопје пред две години ќе игра во групата Ц со Јапонија, Холандија и Канада.
Групата Г со сигурност ќе биде интересна бидејќи има три европски селекции – Романија, Шпанија и Швајцарија, заедно со африканскиот првак Египет.
Домаќинот Кин ја одбра групата Е, каде што ќе играат со светскиот вицепрвак Данска, Кинески Тајпеј и Гренланд.