Познати групите за СП 2025 – светскиот првак со лесен старт

Денеска во Ротердам беше одржана ждрепката за групите на претстојното Светското првенство во Холандија и Германија.

Светскиот шампион Франција се најде во групата Ф што ќе се игра во Хертогенбош и во прелиминарната рунда ќе се соочи со Полска, Тунис и Кина.

Најинтересни се очекува да бидат групите А и Ц, каде има по три европски селекции, а дебитантот Фарски Острови ќе игра против Шпанија и Црна Гора.

Мундијалот ќе се игра во пет градови во Германија и Холандија од 26 ноември до 14 декември годинава.

Светско првенство, групи:

група А (Ротердам): Данска, Романија, Јапонија, Хрватска
група Б (Хертогенбош): Унгарија, Швајцарија, Сенегал, Иран
група Ц (Штутгарт): Германија, Исланд, Србија, Уругвај
група Д (Трир): Фарски Острови, Шпанија, Црна Гора, Парагвај
група Е (Ротердам): Холандија, Австрија, Аргентина, Египет
група Ф (Хертогенбош): Франција, Полска, Тунис, Кина
група Г (Штутгарт): Шведска, Бразил, Чешка, Куба
група Х (Трир): Норвешка, Ангола, Кореја, Казахстан