Познати групите за силниот турнир во Добој – се избегнаа Кил и Веспрем

Босанскиот град Добој од 13 до 16 август ќе биде домаќин на 56. издание на ТВ турнирот на шампионите, најстариот турнир во Европа.

За разлика од претходните години, оваа година организаторот се реши да играат шест екипи, меѓу кои и великаните Кил и Веспрем.

Покрај домаќинот Слога Добој, во групата А ќе бидат и двете бундеслигашки екипи – Кил и Гумерсбах.

Во групата Б, покрај унгарскиот гигант Веспрем, ќе играат египетскиот Ал Ахли и турскиот Бешикташ.

По завршувањето на групната фаза, ќе се играат и финалето, како и дуелите за трето и петто место.