По завршувањето на Светското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, познат е изгледот на квалификациските групи за Олимписките игри во Франција.
За шесте преостанати места ќе се борат 12 селекции поделени во три групи, чии домаќини ќе бидат дополнително одредени.
Унгарија и Шведска се големи фаворити во групата 1, додека се очекува во групите 2 и 3 да има големи борби и возбудливи натпревари.
Овие натпревари ќе се одиграат од 11 до 14 април на три различни локации кои ИХФ треба да ги потврди.
На Олимписките игри обезбедија место домаќинот Франција, како и Данска, Норвешка, Јужна Кореја, Ангола и Бразил.
Квалификации за ОИ, жени:
група 1: Шведска, Јапонија, Камерун, Унгарија
група 2: Холандија, Аргентина, Чешка, Шпанија
група 3: Германија, Црна Гора, Словенија, Парагвај