Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа ждрепката за групниот сегмент за 32. издание на Купот на Македонија.
На ждрепката 16-те екипи беа поделени во четири групи, а носители на групите се најдобрите четири екипи според пласманот во натпреварувачката сезона 2022/23.
Тоа се екипите на Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар и амбициозниот тим на Тиквеш.
Најдобрите четири екипи од секоја група ќе обезбедат пласман на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, а ланската сезона трофејот го одбрани тимот на Вардар.
Група 1: Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Мулти Есенс, Тиквеш
Група 2: Бутел, Алкалоид, Вардар Неготино, Струга
Група 3: Пролет, Радовиш, Вардар, Голден Арт
Група 4: Еурофарм Пелистер, Скопје, Охрид, Куманово
Полуфинални парови:
Група 1:
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш
Прилеп – Мулти Есенс
Група 2:
Бутел – Струга
Алкалоид – Вардар Неготино
Група 3:
Пролет – Голден Арт
Радовиш – Вардар
Група 4:
Еурофарм Пелистер – Куманово
Охрид – Скопје
Натпреварите од групите во Купот на Македонија ќе се одиграат на 22 и 23 март, а наскоро треба да бидат познати домаќините на секоја од четирите групи.