Познати групите и распоредот за третото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“

Фондацијата „Марко Божиновски“ која го носи името на прерано починатиот македонски ракометар во периодот од 14 до 16 јуни ќе го организира третото издание на меморијалниот турнир за ракометари до 18 години.

На третото издание ќе настапат домашните екипи Алкалоид, Еурофарм Пелистер, Вардар, Аеродром и Бутел Скопје, како и странските Морнар од Црна Гора, Одорхеи од Романија и Коњух од БиХ.

Веќе е познат распоредот на натпреварите, кои ќе се одиграат на отвореното игралиште во спортскиот центар „Марко Божиновски“. Во сите три денови ќе има по пет натпревари, па така љубителите на ракометот ќе можат да проследат интересни соочувања.

Распоред на натпревари:
Група А: Одорхеи, Алкалоид, Морнар, Бутел Скопје
Група Б: Аеродром, Коњух, Вардар, Еурофарм Пелистер

Петок, 14 јуни
09:30, Одорхеи – Алкалоид
11:00, Морнар – Бутел Скопје
13:00, Аеродром – Коњух
18:00, Еурофарм Пелистер – Вардар
19:30, Алкалоид – Бутел Скопје

Сабота, 15 јуни
09:30, Аеродром – Вардар
11:00, Коњух – Еурофарм Пелистер
13:00, Одорхеи – Бутел Скопје
18:00, Алкалоид – Морнар
19:30, Аеродром – Еурофарм Пелистер

Недела, 16 јуни
09:30, Одорхеи – Морнар
11:00, Коњух – Вардар
15:00, А1- Б2
16:30, Б1 – А2
18:00, Финале

На првото издание на меморијалниот турнир победник беше Нексе, додека на второто издание првото место им припадна на ракометарите на Алкалоид.