Претстојното лето ќе се одржи десеттото, јубилејно издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.
Организаторите ги одредија групите и распоредот за турнирот, а натпреварите ќе се играат од 21 до 24 август во Прилеп.
Како и секоја година, така и оваа, на турнирот покрај домаќинот Прилеп, ќе играат уште пет екипи од Македонија и странство.
Минатата година, тимот на Охрид го освои трофејот на турнирот „Миле Нешкоски“ што се игра во чест на легендарниот ракометар од Прилеп.
Распоред на натпревари:
група 1
Прилеп
Бутел Скопје
Тиквеш
група 2
Црвена Звезда
Пролет
Еурофарм Пелистер 2
21.08.2025
15:30 часот положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски
18:00 Пролет – Еурофарм Пелистер 2
20:00 Прилеп – Бутел Скопје
22.08.2025
18:00 Црвена Звезда – Еурофарм Пелистер 2
20:00 Прилеп – Тиквеш
23.08.2025
18:00 Црвена Звезда – Пролет
20:00 Тиквеш – Бутел Скопје
24.08.2025
15:00 натпревар за 5 место
17:00 натпревар за 3 место
19:00 финале
20:30 доделување награди и свечено затворање на турнирот