Денеска во градот домаќин на завршниот турнир во Лигата на Европа, Хамбург, беше извршена ждрепката за полуфиналните парови.
На Ф4 турнирот ќе играат три германски екипи – Фленсбург, Фуксе Берлин и Рајн Некар Левен, како и романскиот првак Динамо Букурешт.
Тоа значеше дека една полуфинална двојка ќе биде германска и оваа држава сигурно ќе финалист на Ф4.
Фленсбург ќе се соочи со Динамо Букурешт, додека Фуксе Берлин ќе игра против Рајн Некар во борбата меѓу „лисици“ и „лавови“.
Завршниот турнир во второто по ранг европско натпреварување ќе се игра на 25 и 26 мај во „Барклеј Арена“ во Хамбург.