Со комплетирањето на дуелите од главната рунда, познати се четвртфиналните парови на Светското првенство за кадети во Египет.
Домаќинот со ремито со Данска, ја исфрли Чешка од комбинација за ТОП 8, а сега во четвртфиналето ќе се соочи со Шпанија.
Ќе има и сканди-четвртфинале во кое ќе играат Шведска и Норвешка меѓусебе, додека незгодната Унгарија оди на мегдан на Германија.
Вториот скандинавски двобој ќе биде меѓу Данска и Исланд, а меѓу најдобрите осум има само една неевропска селекција – домаќинот Египет.
Четвртфиналните дуели се на програмата в петок.