Познати четвртфиналните двојки на младинскиот ЕХФ шампионат

Паралелно со младинското Европско првенство во Словенија, се игра и младинскиот ЕХФ шампионат во Косово.

По комплетирањето на натпреварите од прелиминарната фаза во која играа 12 селекции поделени во четири групи по три, познати се четвртфиналните двојки.

Во директната битка за првото место во групата А, Финска го совлада домаќинот Косово со убедливи 39-27.

Во групата Б, Луксембург направи големо изненадување со убедливиот триумф над Турција со 36-22 и го освои првото место.

Во четвртфиналето се вкрстува по принципот А1-Б2, А2-Б1, Ц1-Д2, Ц2-Д1, додека останатите четири селекции ќе разигруваат меѓусебе за пласман од 9 до 12 место.

ЕХФ шампионат, Косово, четвртфинале:

Финска – Турција
Луксембург – Косово
Естонија – Словачка
Летонија – Литванија

ЕХФ шампионат, Косово, 9-12 место

група Е: Бугарија, Белгија, Грузија, Велика Британија