Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од осминафиналето во женскиот Европски Куп.
Единствен претставник од Македонија е екипата на Чаир, која на домашен терен два пати ќе се соочи со Славија Прага од Чешка.
ЕХФ делегираше судии од Израел за македонско-чешкиот двобој, а станува збор за Перец и Шварц, додека делегат ќе биде Гркот Сиску.
Првиот натпревар меѓу Чаир и Славија Прага ќе се одигра на 18 јануари од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот е утредента на истото место во истото време.
Во второто коло Чаир со две победи ја елиминира екипата на Керженг од Луксембург, додека во третото коло беше подобар од португалската екипа Колехио Де Гаиа исто така со две победи.