Ракометната федерација на Македонија ги објави официјалните лица за натпреварите од 8 коло во Супер лигата.
На дербито што ќе се игра во Битола, судии ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои по подолго време ќе судат натпревар меѓу овие два тима.
Супер Купот го судеа Благојче Тодоровски и Димитар Митревски, а првиот меч во Супер лигата меѓу овие два тима го судеа Димитар и Дејан Георгиевски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ в недела на 22 октомври од 18:00 часот. Делегати ќе бидат Ацо Николовски и Цано Куртовиќ.
На првата средба во Скопје, Вардар славеше со 30-25.