Познати арбитрите за дербито – еве кој ќе суди Вардар против „сино-белите“ од Автокоманда

Натпреварувачката комисија во Ракометната федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите од 11 коло во Супер лигата.

Двобојот на досега непоразените Вардар и „сино-белите“ од Автокоманда им е доверено на Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Делегати на овој дуел ќе бидат Марјан Начевски и Лери Мирчески, а тој е закажан за 9 ноември од 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Интересно треба да биде и во Кавадарци, каде Бутел Скопје му гостува на Тиквеш, а тој натпревар ќе го судат Димитар и Дејан Георгиевски.

Супер лига, 11 коло:

08/11, 17:00, Еурофарм Пелистер – Куманово (Илиевски/Шуковски)
08/11, 17:30, Струга – Еурофарм Пелистер 2 (Николов/Начевски)
08/11, 17:30, Радовиш – Прилеп (Божиновски/Начевски)
08/11, 19:00, Охрид – Пролет (Илиевски/Илиевски)
09/11, 18:30, Вардар – Алкалоид (Металари/Николовски)
09/11, 20:00, Тиквеш – Бутел Скопје (Георгиевски/Георгиевски)