Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите од 17 коло во Супер машката лига.
Дербито на колото ќе се игра утре во СРЦ „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и шампионот Еурофарм Пелистер, а арбитражата на овој меч им е доверена на најдобриот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Градскиот двобој меѓу Пролет и Бутел Скопје ќе го судат браќата Глигор и Спаско Ќаевки, додека правдата на интересната средба во Кавадарци меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски.
Супер машка лига, 17 коло:
13/12, 15:00, Пролет – Бутел Скопје (Ќаев/Ќаев)
13/12, 18:00, Вардар – Радовиш (Георгиевски/Георгиевски)
14/12, 16:00, Струга – Прилеп (Митревск/Тодоровски)
14/12, 18:00, Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 (Металари/Николовски)
14/12, 18:00, Охрид – Еурофарм Пелистер (Начевски/Николов)

























