Познати арбитрите – еве кои ќе ги судат дерби дуелите во Охрид и Битола

Претстојниот викенд ќе се одигра 14 коло во Супер машката лига, во кое ќе има две дерби средби во Охрид и Битола.

Натпреварувачката комисија на РФМ ги делегираше официјалните лица за шесте средби во сабота и недела.

Дербито меѓу Охрид и Вардар во СРЦ „Билјанини Извори“ им е доверено на Михајло и Методија Илиевски, додека делегати ќе бидат Марјан Начевски и Лери Мирчески.

Двобојот во Битола меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и „сино-белиот“ тим на Кирил Лазаров, ќе го судат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, а делегати се Душко Камишевски и Славчо Каланоски.

Супер лига, 14. коло, распоред на натпревари:

29/11, 17:00, Тиквеш – Струга (Ненад Николовски/Исмаил Металари)
29/11, 17:30, Радовиш – Пролет (Димитар Митревски/Благојче Тодоровски)
29/11, 18:00, Еурофарм Пелистер 2 – Куманово (Виктор Начевски/Даниело Божиновски)
29/11, 18:30, Прилеп – Бутел Скопје (Дејан Георгиевси/Димитар Георгиевски)
29/11, 19:30, Охрид – Вардар (Михајло Илиевски/Методија Илиевски)
30/11, 19:30, Еурофарм Пелистер – Алкалоид (Ѓорѓи Начевски/Славе Николов)