Селекторот на машката репрезентација на Норвешка, Јонас Виле, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Виле ќе смета на 18 ракометари, меѓу кои се стандардните Торбјорн Бергеруд, Сандер Сагосен, Александер Блонц, Тобијас Грондал, Харалд Рајнкинд…
Тој се реши да не ги повика искусните Себастијан Бартолд од Магдебург, Кристијан Бјорнсен од Алборг, Петер Оверби од Кил…а на списокот го нема ниту голманот на Спортинг, Андре Кристенсен.
Пред стартот на ЕП, Норвешка ќе биде дел од турнирот од „Златната лига“ што ќе се игра во Алмере, Холандија, а еден од домаќините на континенталниот собир ќе тестира со вториот домаќин на ЕП, Данска и Холандија.
Норвешка е во група со Украина, Чешка и Франција и своите натпревари ќе ги игра во Осло.


























