Селекцијата на Грција веќе ги започна подготовките за Европското првенство на почетокот на оваа недела, а првата фаза ќе заврши на 24 декември.
Селекторот Георгиос Заравинас смета на 23 ракометари меѓу кои се дури десет од Олимпијакос и петмина од АЕК, а недостига голманот Буковинас кој има обврски во германскиот Гросшвалтат.
Втората фаза од подготовките Грците ќе ја одработат во Романија и ќе бидат дел од „Трофеј Карпати“ каде ќе играат со домаќинот, Словачка и Грузија.
Третата фаза нашиот јужен сосед ќе ја одработи во Солун, а на 4 и 5 јануари предвидени се два меча со Македонија во Скопје.
Грците на ЕП се во група што ќе се игра во Минхен, а таму ќе се соочат со Данска, Чешка и Португалија.