Светската ракометна федерација го објави распоредот за 18. издание на Светското клупско првенство, кое ќе се одржи во Египет од 26 септември до 2 октомври.
Групната фаза ќе се игра на 26, 27 и 28 септември, а главните фаворити доаѓаат од Европа – гигантите Барса, Магдебург и Веспрем.
Иако африканските и азиските тимови се засилуваат за ова натпреварување, сепак тешко дека ќе може да се носат со европските екипи.
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 30 септември, а финалето и мечот за бронза на 2 октомври.
Светско клупско првенство, распоред на натпревари:
Петок, 26 септември 2025
Шарџа (ОАЕ) – Калифорнија Иглс (САД)
Замалек (Египет) – Таубате (Бразил)
Ал Ахли (Египет) – Сиднеј Универзитет (Австралија)
Сабота, 27 септември 2025
Магдебург (Германија) – Калифорнија Иглс (САД)
Барселона (Шпанија) – Таубате (Бразил)
Веспрем (Унгарија) – Сиднеј Универзитет (Австралија)
Недела, 28 септември 2025
Магдебург (Германија) – Шарџа (ОАЕ)
Барселона (Шпанија) – Замалек (Египет)
Ал Ахли (Египет) – Веспрем (Унгарија)