Познат е терминот за најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, кое треба да се игра претстојниот викенд.
Домаќинот го закажа натпреварот за в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:45 часот.
Вардар има две победи на три меча – славеше кај Радовиш и против Бисинов, додека загуби само во Автокоманда од „сино-белите“.
Актуелниот шампион славеше три пати на три натпревари – во Кавадарци кај Тиквеш и во Велес кај Бисинов, додека дома ја победи Струга.
За пелистерци ќе нема многу време за одмор и тренинзи пред Вардар, бидејќи в четврток гостуваат кај Динамо Букурешт во Лигата на шампионите, в петок ќе патуваат, а веќе в сабота одат на дуел со „црвено-црните“.