Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ претстојното лето ќе го има своето трето издание во спортската сала „Билјанини Извори“.
Од 20 до 24 август, градот Охрид ќе биде домаќин на уште седум екипи, од кои пет ќе бидат странски.
Покрај домаќинот Охрид, на турнирот ќе учествуваат тимовите на Алкалоид и двократниот европски шампион Вардар, а допрва ќе бидат потврдени странските екипи, кои исто така ќе бидат квалитетни.
Љубителите на ракометот минатото лето беа сведоци на интересни натпревари, а сигурно нема да биде поразлично ниту оваа година.
Досегашните освојувачи на трофеите на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ беа само македонски екипи. Првата сезона трофејот на овој турнир го освои екипата на Тиквеш, додека минатата година победник беше Еурофарм Пелистер.